ФОТО+ВИДЕО: По паузата од протести, ново бојадисување на Владата
Демонстрантите од „Шарената револуција“ и попладнево ја бојат Владата со боја.
[embed width="700" height="450" ]http://twitter.com/meta_agency/status/743136904045010944[/embed]Го напишаа бројот 3 пред Владата.
Тие одбројуваат уште три дена до ултиматумот кој го дадоа на власта за исполнување на барањата, а тоа е да запре прогонот на демонстрантите и Уставен суд да се произнесе за уставноста на СЈО.
На демонстрантите им се придружи и Здравко Савески од „Левица“ кој по 50 дена куќен притвор, вчера беше ослободен.
Протест е посветен и на борбата против хомофобичните напади и говорот на омраза против ЛГБТ заедницата кој е актуелен во последно време.
Вечерва се протестира и во други градови во внатрешноста, а утре ќе има блокади на мостови во Скопје.
Слично



