ФОТО+ВИДЕО:По обилни врнежи поплавени делови од Загреб
Загреб главниот град на Хрватска, синоќа околу 20.30 часот беше зафатен од невреме проследно со силен ветер, поројни дождови и град, кое траеше околу половина час.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/uRhEq-Ev25c[/embed]Обилните врнежи предизвикаа поплави на повеќе улици, но и во подрумите и приземните домови во повеќе делови на градот. Веднаш по невремето на социјалните мрежи почнаа да се објавуваат фотографии од поплавените делови на Загреб.
Хрватските медиуми пренесоа дека слично невреме во доцните попладневи часови го погодило и реонот на градот Вировитица. Посебно се погодени местата Светица и Долна Светица.
Слично



