ФОТО+ВИДЕО: Невреме погоди повеќе општини во западна Србија
Невреме со пороен дожд, град и грмежи синоќа ја зафати западна Србија и направи вистински хаос.
Штети има на патната инфраструктура и на земјоделските насади. Невремето започнало по 20 часот, ги погодило општините Чачак, Горњи Милановац, Пожега, Косјериќ, Бајина Башта и делови од Лучане.
Во некои реони паднале и до 60 литри дожд на метар квадратен.
Обилните дождови предивикале поплави по улиците и во подрумите на повеќе станбени објекти.
Надлежните органи соопштија дека се предизвикани големи штети, пред сè на овошните насади, а забележани се и оштетувања на патната инфраструктура и на повеќе возила. Попрецизни информации за штетите ќе има денеска.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/IbbAupbNA7Y[/embed]
Слично




