Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО: Над милион луѓе на митингот за поддршка на Ердоган

ФОТО+ВИДЕО: Над милион луѓе на митингот за поддршка на Ердоган

Повеќе од милион Турци дојдоа денеска во Истанбул на голем митинг.

„Собир за демократијата и за мачениците“ е владина иницијатива на која ѝ се приклучија и главните опозициски партии, а официјално беше претставена како предавање дипломи на школата за демократија.

CpQ_IlOXYAA5oF0

Многу поддржувачи на Ердоган се појавија завиткани во турското знаме, а се собраа на огромниот плоштад Јеникапи.

„Тука сме за да покажеме дека ова знаме нема да се спушти, дека повикот за молитва нема да биде замолчен и дека нашата земја нема да се дели“- вели  Хаџи Махмет Халилоглу (46), еден од демонстрантите од Орду.

CpRBGunWcAAd8-t

Дел од нив носеа и транспаренти на кои пишува „Ердоган, ти си дар од Бога“ и „Нареди ни да умреме и така ќе биде“.

Освен  Ердоган, на митингот присуствуваа премиерот Бинали Јилдирим и лидерите на опозицијата.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/An6E_i0vW-A[/embed]

Настанот го обезбедуваа 15.000 полицајци. Некои медиуми прогнозираа дека на митингот може да се појават околу 3.5 милиони луѓе.

turska-miting-podrske-erdoganu-1470589386-964653

Слично

Поврзани вести