(ФОТО+ВИДЕО) Лисици на рацете, „наместена“ насмевка – вака изгледаше Субрата Рој при апсењето
Индискиот бизнисмен Субрата Рој најверојатно ќе остане во притвор до 4 март кога треба да продолжи судскиот процес против него. Врховниот суд вчера одби да расправа за барањето на Рој да се повлече налогот за негово апсење, според кој не е возможно ослободување со кауција до судењето.
Адвокатот на Рој го известил судот дека неговиот клиент доброволно се предал и побарал да биде отповикан налогот за негово апсење. Меѓутоа Судот заседавал во друг состав, а судиите на неговиот случај одбиле да го сослушаат барањето. Судскиот совет во ист состав ќе се состане дури на 4 март, токму за судењето на Рој.
Тој има право повторно да поднесува иницијативи за да се преразгледа овој случај, меѓутоа со оглед на тоа што доаѓа викенд, индиските медиуми не очекуваат неговите барања да бидат разгледани.
Индиските медиуми сепак пишуваат дека Рој вчера ја имал својата препознатлива „наместена“ насмевка на лицето додека полицијата го придружувала до судот и назад во притвор.
Во своето писмено обраќање до јавноста индискиот бизнисмен нагласува дека се предал самиот и оти не ги послушал „оние кои му мислеле добро“ и го советувале да се пријави во болница за да го избегне апсењето, затоа што „не сакал да прави таква драма“.
Индиските власти го гонат бизнисменот за измама на илјадници ситни акционери преку две негови компании и нанесена штета од речиси 4 милијарди долари. Индиското регулаторно тело СЕБИ доби дозвола од судот да го продаде имотот на компаниите за да врати дел од парите.
Еве како изгледаше спроведувањето на Субрата Рој со полициска придружба:
http://www.youtube.com/watch?v=5GjwFvsc08E

Слично