Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО:Груевски на средбата со Хајндл:Интерес на државата и граѓаните е надминување на кризата

ФОТО+ВИДЕО:Груевски на средбата со Хајндл:Интерес на државата и граѓаните е надминување на кризата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска се сретна со германскиот специјален претставник,  Јоханес Хајндл.

Соговорниците разговараа за актуелната политичка состојба, создадената криза, како и стратешките цели на државата, вклучително и евроатланските интеграции на Република Македонија. Во однос на актуелната политичка криза, Груевски истакна дека партијата е посветена кон изнаоѓање на решенија кои би значеле брз излез од наметната политичка криза. Груевски посочи дека е потребна волја, и посветеност на сите субјекти за тоа, како и нивна активна партиципација и искрен пристап.

Интерес на државата, и на сите граѓани е надминување на кризата и враќање на патеките на напредокот и економскиот развој. Граѓаните посакуваат решенија кој ќе значат враќање на нивната сигурност, но и спокојство, истакна тој на средбата.

Посочи дека секое решение треба да биде базирано врз почитување на волјата на граѓаните, нивното расположение како главна определба и носечка сила во градењето и развојот на демократското општество.

742dd623-2b53-481c-9ce8-25f4fce5f7c51

Груевски вели дека во носењето на своите одлуки поаѓа од интересот на граѓаните, почитување на нивната волја и запазувајќи ги државните интереси.

Додаде  дека стратешки интерес за државата е членството во Европската Унија и НATO алијансата и континуирано се преземаат мерки и активности поврзани со реформската агенда.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/es0A0hrrJuU[/embed]
Слично

Поврзани вести