Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО: Ердоган се врати во Истанбул и најави „чистка“ во армијата

ФОТО+ВИДЕО: Ердоган се врати во Истанбул и најави „чистка“ во армијата

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган ја вратил власта, а вчерашниот обид за воен удар е неуспешен.

1

Според провладината турска агенција Анадолу, билансот на жртвите од вчерашниот неуспешен воен удар во Турција изнесува утринава 90 загинати и 1.154 ранети. Околу 200 војници се во генералштабот на армијата и им се предадоа утринава на властите.

2

Војската утрово го ослободи и шефот на турската војска, генералот Хулуси Акар. Тој беше затворен во една воена база блиску до Анкара и однесен на безбедно место.

3

Ердоган триумфално се врати на аеродромот во Истамбул околу 3 часот наутро и изјави „Ниту една моќ не е посилна од волјата на народот” и додаде дека одговорните за воениот удар ќе ја платат цената на ова предавство. Претседателот додаде дека овој воен удар ќе дозволи „чистење на армијата”.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/PZNQw440yA4[/embed]

Неколку часа од ноќеска Турција беше во хаос.

Слично

Поврзани вести