ФОТО+ВИДЕО: Демонстрантите ја бојат фасадата на Министерството за правда
Демонстрантите од „Шарената револуција“ повторно попладнево ја обоија фасадата на Министерството за правда.
„Вистинските државници не се закануваат на граѓаните" е мотото под кое се протестира.
Демонстрантите бараат да се вклучат и тие во преговорите за решавање на кризата.
„Заедно спречивме помилување криминалци, заедно спречивме уште едни фалсификат избори! Нашите другари се на слобода! Продолжуваме, се вклучуваме во решавањето на кризата!“ – порачуваат од „Шарената револуција“.
Од пред СЈО тие се упатија кон Собранието.
„Шарената револуција“ протестира 80 дена и искажува револт на различни начини.
[embed width="700" height="450" ]http://twitter.com/meta_agency/status/747492599427108864[/embed]
Слично

