Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Венизелос – прв на маса со Србија, стари „црвени линии“ за Македонија

(ФОТО) Венизелос – прв на маса со Србија, стари „црвени линии“ за Македонија
Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, како министер за надворешни работи од земја-претседавач со ЕУ, седна на маса на првата меѓувладина конференција со која Србија ги отвори преговорите за членство со Европската унија. „Ова е историски дена и за Србија и за ЕУ. Честитам!“, на српски јазик порачал еврокомесарот за проширување Штефан Филе. „Тукушто ги отворивме преговорите со Србија“, соопшти Венизелос, објавувајќи дека е претставена рамката по која ќе се водат преговорите со Србија. Но, додека поддршката за Белград од шефот на грчката дипломатија е очигледна, за Македонија тој има само стари пораки. Во обраќањето пред Европскиот парламент синоќа Венизелос најавил оти е возможно наскоро да го посети Скопје, но со себе ќе ги донесе и „грчките црвени линии“ во спорот околу името. „Грчкото претседателство ќе ги имплементира заклучоците од декемврискиот состанок на Европскиот совет. Како претседавач подготвен сум во наредните денови да ги посетам сите земји во регионот, вклучувајќи го и Скопје, без никаква разлика или дискриминација, и ќе имаме можност за дискусија меѓу претседателството на Советот и Владата на ПЈРМ“, кажал Венизелос. Тој пред европратениците ги повторил и грчките „црвени линии“ во однос на спорот за името, оценувајќи ги како „умерени и разумни“.

„Учествуваме во процесот што се води под покровителство на ОН, ја почитуваме улогата на медијаторот Метју Нимиц и прифаќаме сложено име со географска одредница што би го содржел терминот Македонија, но тоа треба да биде за севкупна употреба. Тврдењата од другата страна дека „не можеме да го менуваме нашиот Устав“ се неприфатливи за европска земја, бидејќи сите европски земји постојано ги менуваат своите национални устави најчесто за да се прилагодат на европското законодавство и да се воспостави единствен европски уставен простор“, истакнал Венизелос, додавајќи оти македонскиот Устав веќе претрпел измени со Охридскиот договор.

Сепак, според него, проблемот со евроинтеграцијата на Македонија не е името, туку неисполнувањето на Копенхашките критериуми и внатрешните проблеми што ги има земјата со демократијата, владеењето на правото, човековите права, како и големите отворени прашања со соседите.
Слично

Поврзани вести