Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Венизелос не го „бендиса“ нешто во Скопје – еве што!

(ФОТО) Венизелос не го „бендиса“ нешто во Скопје – еве што!
Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос од утрово во Скопје ги започна официјалните контакти со македонските државни претставници. Неговата посета е дел од балканската турнеја во функција на претставник на земјата- актуелен претседавач со Европската унија. Но, додека во останатите земји, Венизелос даваше заеднички изјави со неговите колеги министри за надворешни работи, во Македонија тоа не се случи. По средбата со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, Венизелос го напушти Министерството, а изјава за медиумите сам даде Попоски. Тој немаше објаснување зошто грчкиот министер не сака да зборува пред македонските новинари, но претпостави дека не му се допаднала позадината на местото предвидено за изјави во Министерството, каде што е поставено македонското и европското знаме, но и натпис „Министерство за надворешни работи на Република Македонија“. „Мене на пример многу ми се допаѓа, навистина е убава“, рече Попоски. Тој информираше дека со неговиот грчки колега на едночасовната средба разговарале за плановите на грчкото претседателство со ЕУ и за економски теми, но не и за спорот околу името. Попоски проценува дека во Атина нема политичка волја за решавање на ова најтешко прашање кое ги обременува односите на двете земји. Во рамките на посетата на Скопје, Венизелос се сретна и со вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, а ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов и од премиерот Никола Груевски. Фото: МИА
Слично

Поврзани вести