Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО:Варна постави Гинисов рекорд со најдолг синџир од луѓе

ФОТО:Варна постави Гинисов рекорд со најдолг синџир од луѓе

Луѓето во бугарскиот град Варна формираа најдолг синџир со своите тела.

Со ова тие постигнаа рекорд за Гинис. Над 4.000 луѓе се собраа на Јужната плажа во Варна и со своите тела го направија најдолгиот жив ДНК синџир во светот. Со тоа тие го соборија рекордот на Гинис, поставен во турската престолнина Анкара во 2013-та година. Организатор на настанот е Медицинскиот универзитет, а мотото на настанот е „Биди дел од иднината". Сите кои се вклучија во рекордот се наредија така што формираат плетенка синџир, по примерот на структурата на ДНК.

655-402-varna-rekord-gines (2)

Откако формата беше постигната, стоеја неподвижно 5 минути, а специјален пратеник од Лондон, претставник на Гинисовата книга, го оцени настапот. На крајот на настанот, тој призна дека е постигнат нов рекорд за Гинис.

655-402-varna-rekord-gines (1)

Слично

Поврзани вести