(ФОТО) Вака се гледа Светско првенство!
Љубителите на фудбалот во Германија смислија интересен начин за гледање на натпреварите на Светското првенство, иако се далеку од Бразил.
Тие одлучија да ја искомбинираат удобноста од дневната соба и возбудувањето кое го носи гледањето натпревари на стадионите. Тоа засега го направија во Берлин така што им порачале на нивните сограѓани да понесат кревети на стадионот и да дојдат да гледаат утакмици.
Така стадионот Унион од Берлин е претворен во најголемата „дневна соба“ во Германија, бидејќи одзивот бил огромен. На стадионот претходните денови беа сместени 780 двоседи и троседи, а глетката е навистина неверојатна.
За сега нема назнаки дека истата акција се планира и на други стадиони во Германија или ширум светот, но сигурно овој концепт ќе биде прифатен и надвор од Берлин.



