Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Вака косовската полиција апсеше повратници од војните во Ирак и Сирија

(ФОТО) Вака косовската полиција апсеше повратници од војните во Ирак и Сирија
Над 40 лица, повратници од воените конфликти во Ирак и Сирија, беа уапсени денеска на Косово, под обвинение дека подготвувале терористички напад на косовска територија. Уапсените се бореле за создавање на Исламска држава во Ирак и Сирија и биле дел од радикалните џихадистички групи. Десетина од нив биле уапсени во населени места во близина на македонско-косовската граница. Според информациите на косовската полиција, тие подготвувале терористички напад за време на една културна манифестација, на која се очекувале и гости од странство. Според други извори, можна цел на нападите биле косовски државни институции, седишта на КФОР и на меѓународните организации на Косово. Кај уапсените било пронајдено поголемо количество оружје и муниција. И македонските власти имаат податоци за македонски граѓани кои учествуваат во борбите во Ирак и Сирија. Нивните активности по враќањето во Македонија се следат, а оперативните информации добиени за нив се проверуваат. Семејство од Косово: Имамот го испрати нашиот син во смрт во Сирија! Министерот за внатрешни работи во заминување Бајрам Реџепи изјави дека денешната акција во Косово била спроведена по повеќемесечна истрага и додаде дека „ова е доказ дека Косово нема да биде лесен терен за радикални верски екстремисти“. И премиерот во заминување Хашим Тачи нагласи дека апсењето е доказ за посветеноста на косовската Влада да се справи со оваа појава. „Косово нема да биде плодна земја за непријателите на евроатлантските вредности, човековите права, целосните верски слободи и на уставно загарантираниот секуларен систем“, напишал Тачи на Фејсбук.
Слично

Поврзани вести