ФОТО:„Уметничко дело затвор“ на протестот на „Шарена револуција“
„Уметничко дело затвор“ изработија демонстрантите од „Шарена револуција“.
„Нашата уметност е бесплатна“ е главниот транспарент на денешниот протест.
Поранешната холандска амбасадорка во Македонија, Симоне Филипини и денеска е со „Шарената револуција“ пред СЈО.
Се протестира веќе 50 дена во Скопје, против аболицијата на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.
„Заедно сме додека не се исполнат нашите барања. Се додека не си заминат мафијашите. Нема да престанеме, нема да се поколебаме. Тука сме за нашите притворени соборци, викаме пароли во нивно име. Тука сме за оние што се уплашени - ги бодриме да се охрабрат. Но најмногу од се - на улиците сме затоа што тоа е нашата последна институција, нашиот сојузник во борбата за слобода„- порачуваат од „Шарена револуција“.
Ќе има правда, ќе има мир, додаваат тие.

