Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Уличните трки низ скопските улици причина за бројни сообраќајни незгоди?

(ФОТО) Уличните трки низ скопските улици причина за бројни сообраќајни незгоди?

Трките со автомобили низ скопски улици стануваат се позачестени. Причина за сообраќајната незгода која се случи синоќа во близина на трговскиот центар Скопјанка во скопската населба Аеродром според досегашните неофицијални информации е токму улична трка.

Имено, се се случило кога автомобилот „ауди -А3" со голема брзина удрил во бандера на Булеварот Јане Сандански .

Според неофицијални информации во автомобилот кој се движел со брзина над 100 км/час се наоѓале две момчиња и една девојка и истите се повредени.

Очевидци раскажуваат како колата се превртувала неколку пати пред да удри во бандерата, воланот бил на 5 метри од колата, ауспухот на 20, колата била смачкана како палачинка.

Повеќе информации очекуваме во текот на денот.

(Фото: Ѕид на сообраќајниот срам-Фејсбук)

Слично

Поврзани вести