(ФОТО) „УКИМ гори, Економски се чешла“, а УКЛО го дочека третиот ден од Автономната зона
Во пресрет на средбата на која треба да се ссостанат претставниците на МОН заедно со ректоратот на УКИМ и двата пленуми денеска во 16 часот на академското тло, на Економскиот факултет се одвива дебата насловена како „УКИМ гори, Економски се чешла“.
Студентите долго време го поттиснуваа својот креативен потенцијал за денес конечно да му ја вратат на студентот слободата по која копнее, по тој повод пред платото на УКИМ се одвиваат низа активности.
Студентите од УКЛО пак издржаа уште една студена ноќ и го дочекаа утрото на третиот ден од Автономаната зона. Во 16 часот тие ќе имаат дебата за загаденоста на воздухот.
„Ние сме студенти и се бориме за тоа што сакаме да го добиеме. Желбата за истрајноста и победа во наша корист е доволна за да ја загрее нашата младешка крв“, порача една студентка од УКЛО.

Слично