Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Турција приведе 8 членови на „Исламска држава“ кои подготвувале напад

(ФОТО) Турција приведе 8 членови на „Исламска држава“ кои подготвувале напад

Турската полиција приведе 8 осомничени членови на „Исламска држава“, кои се подготвувале да нападнат различни точки на Европа со лажна легенда дека се бегалци, соопшти „АFP“, повикувајќи се турските медиуми.

Групата била приведена на аеродромот „Ататурк“ неколку минути откако пристигнале од мароканскиот град Казабланка. Во багажот на еден од нив е пронајдено рачно направена шема на бегалските текови од Истанбул кон Германија во Грција, Србија и Унгарија.

тер

Во шемата било наведено и каде точно ќе ги чекаат чамци на посредници, кои ќе ги префрлат низ Средоземното Море. Имало и наведени неколку железнички станици и автобуси, каде качувањето за нив би требало да биде лесно.

Мажите и објасниле на полицијата дека се само туристи, кои планираат да поминат неколку дена во Истанбул и дека дури сите имале резервирани соби во хотели. Проверка покажала дека во именуваниот хотел нема слични резервации на нивните имиња.

Потсетуваме дека Турција е главната станица за сириските бегалци, кои сакаат да стигнат до Европа.

Слично

Поврзани вести