Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Турција ја отвори границата со Сирија

(ФОТО) Турција ја отвори границата со Сирија

Турција ја отвори границата со Сирија во близина на градот Акчакале и од вчера неколку стотици Сиријци влегоа на турска територија, за се спасат од судирите меѓу Курдите и џихадистите од „Исламска држава“ во град Тел Абид.

Турските војници употребиле водени топови за да го одвратат мнозинството на мигранти , кои направиле нереди за да поминат.

turcija granica 2

Границата била затворена пред време од безбедносни причини, но поради разгорувањето на борбите повторно била отворена. Досега биле прифатени околу 600 семејства, а се предвидува од првата фаза да бидат прифатени околу 2500-3000 Сиријци.

Делегација од 25 членови на Парламентарното собрание на Советот на Европа, предводена од претседателката на „ПССЕ“ Ен Брасњор, ќе ги посети денеска центрите за бегалци Елбеили и Низип во градот Килис, во Југоисточна Турција.

turcija granica 1

Се очекува денеска меѓународната организација за човекови права „Амнести интернешенел“ да објави извештај за бегалската криза во светот со акцент Сирија.

Слично

Поврзани вести