(ФОТО) ТУРИСТИТЕ ГО ОБОЖУВААТ: Напуштениот остров во Средоземното море каде некогаш луѓето оделе за да починат
Спиналонга била една од последните европски колонии на лепри активни од 1993 до 1957 година. На овој грчки остров во Средоземното море властите испраќале луѓе заболени од Хансонова болест, како би ги изолирале од општеството и така спречиле епидемија.

Иако планот бил заболените од Спиналонги да ги дочекаат последните денови, не живееле во беда, туку ја добивале потребната храна и лекови. Некои дури и основале семејства и добивале деца, кои не боледувале од оваа зла болест.
Жителите се грижеле едни за други, а дури и отвориле кафана, берберница и Црквата Свети Пантелејмон, која ја водел здрав свештеник.

На островот и денес може да се видат остатоци од импресивната кула и ѕидови кои претставуваат туристичка атракција.

На Спиналонга повеќе никој не живее, но таа не е заборавена. Поврзана е со редовни бродски линии со Крит и околните острови, а поради исклучителната убавина го посетуваат голем број на туристи.
