(ФОТО) Туристи преполно, домашните се жалат на „оган цени“ во Охрид
Туристичката сезона е во полн ек, а туристи има премногу.
Резултатите на терен посебно во Дојран, Струга, Преспа и Охрид покажуваат дека нема када „игла да се фрли“.
Хотелиерите се задоволни од побарувачката и велат дека топлото време им донело многу туристи, посебно за викендот кој е зад нас и Илинденските празници.
Најбројни се странските туристи : Холанѓаните, гостите од Полска, Србија, Бугарија, Турција.
Иако најголемиот македонски туристички центар очекува враќање на македонските туристи во Охрид, работите не одат во таа насока поради „набилданите цени“ на услугите.
На социјалните мрежи „фрчат“ милион фотографии кои ја покажуваат цената на производите.
Како пример е фотографијата подолу на која фискалната сметка покажува дека за обично стаклено шише вода турист платил 120 денари.
Она што најмногу ги револтира дел од граѓаните и собоиздавачите пак, се новите барања на хотелиерите да нема повеќе издавање соби во Охрид.
Хотелиерите сакаат целиот профит да оди во нивни раце, и да се укине издавањето на соби во Охрид, додека станоизвдачите се спротивставуваат на ваквата забрана по однос на предложените измени во Законот за угостителска и туристичка дејност со кои се забранува вршење туристичка дејност односно издавање на апартмани, станови и соби на туристи во станбени згради.
Овој предлог според охридските станоиздаватели, значи укинување на еден од сегментите на давањето туристички услуги и намалување на севкупната понуда на градот Охрид.
Станоиздавателите посочуваат дека меѓу нив има и такви на кои им престанала важноста на Решението за категоризација, а на нивните барања за продолжување на решенијата, од Секторот за туризам и локален економски развој (ТЛЕР) добиваат известување дека моментално не се издаваат решенија за оние станоиздавачи кои имаат поднесено барања за нови решенија или продолжување на оние на кои им е истечен рокот во станбена зграда, сето тоа со образложение на поднесена претставка од страна на Асоцијацијаса на хотелиери на Македонија (ХОТАМ).
– Мислам дека себично и трагикомично е она што е поднесено од ХОТАМ, односно барањето за прекинување на процесот на издавање дозволи за станоиздавачите. Очекуваме надлежните институции да смогнат сили и да, изјави Јован Лазарески, станоиздавач од Охрид.
Додека пак Дојран ја има најдобрата сезона досега! Дојран ја има најдобрата сезона досега, градот работи со полн капацитет. Враќањето на нивото на водата во езерото, промоцијата и одличната културна понуда во знакот на „Д Фестивал“ на Дојран му донесе за над 40% повеќе гости од лани. Само за време на фестивалот имаше 50 илјади гости.Македонските граѓани летово сепак повеќе се одлучуваат да заминат на летување во соседните земји а приматот го имаат Грција и Бугарија.

