Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ТЕПАЧКА НА СРПСКИ И БРЗИЛСКИ НАВИВАЧИ: Жестока пресметка на трибините

(ФОТО) ТЕПАЧКА НА СРПСКИ И БРЗИЛСКИ НАВИВАЧИ: Жестока пресметка на трибините

Фудбалерите на Бразил ја совладаа Србија во последниот натпревар од групата Е на Мундијалот во Русија.

После оваа победа Србите ги спакувале куферите и полека тргнале дома, додека Бразилците ќе ја одмерат силата со селекцијата на Мексико.


Голем број навивачи на Србија и Бразил од сите страни на светот стигнале во Москва за да им дадат поддршка на своите омилени екипи во најважниот натпревар во досегашниот дел од натпреварувањето.


Цел ден атомосферата била одлична, навивачи од двете селекции заедно пееле и играле, но пријателскиот однос е расипан за време на самиот натпревар.


Имено, додека се играл натпреварот дошло до тепачка на неколку навивачи, но брзата реакција на обезбедувањето ги смирила.


Бразил во овој натпревар славеше со резултат од 2:0.

Фото: курир.рс

Слично

Поврзани вести