(ФОТО) ТЕНЗИИ ВО ТИРАНА: Демонстрантите фрлаа молотови коктели кон зградата на Владата
Шест полицајци се повредени денеска во судир со демонстрантите на протестот во центарот на Тирана, на кој опозицијата бараше оставка од вицепремиерката Белинда Балука поради наводна корупција. Собраните граѓани фрлаа молотови коктели кон зградата на албанската влада.
Демонстрантите, според „Еуроњуз Албанија“, прво се собрале пред зградата на владата, каде што, по говорот на лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, некои учесници фрлиле молотови коктели и огномет кон зградата.
Полицијата интервенирала користејќи водени топови за да ја растера толпата, со повици децата да се тргнат од собирот.
Демонстрантите фрлале молотови коктели и ракети, предизвикувајќи пожар и нови судири со полицијата, а едно возило било запалено.
Министерката за внатрешни работи, Албана Кочиу, изјави дека правото на протест „повторно е прекршено од група која избрала сила пред зборови“, додавајќи дека насилството никогаш не може да биде алатка и дека ниедна агенда не го оправдува неговото користење.
foto X Info Room

