(ФОТО) Тамара го доби решението за лекување во странство но, прекасно
Два дена по смртта на Тамара Димовска, Фондот испрати одобрување за лекување во странство. Одлуката ја донел на 6 февруари, три дена пред да почине девојчетo.
Од пликот јасно се чита дека на 11 февруари е испратен на домашната адреса на Димовски. На него се потпишани двајцата директори Маја Парнарџиева Змејкова и Џемали Мехази, јавија Телма.
До сега во неколку наврати преставници на Фондот убедуваа дека одлуката е веќе донесена но само усмено. Ова го потресе семејството кое се уште не може да се опорави од загубата. Многупати апелираше да се добие ова одобрување но тоа не се случи. Контрадикторностите кои се случуваат уште повеќе ја зголемија нвната болка, велат родителите.
(Извор: Телма, Новатв)
Слично






