(ФОТО) ТАГА ВО СРЦАТА, СОЛЗИ НА ЛИЦАТА: Грција ден по ужасните пожари изгледа вака
Претседателот на Хеленскиот центар за превенција и контрола на заболени Теофилос Розенберг рекол дека на жртвите во грчките пожари ќе им биде пружена психолошка помош.
„Ќе им помогнеме на роднините на жртвите во пожарот и оние кои виделе дека имотите им исчезнуваат во катастрофа. Во исто време, епидемолошките тимови кои спроведуваат теренска работа, ќе ги прегледаат сите подрачја и ќе испитаат дали има ризик за јавното здравје“, рекол Розенберг.
Портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакополус соопшти дека владата планира низа мерки кои ќе им помогнат на жртвите во пожарите.
Грчките пожарникари утринава ја продолжија потрагата за исчезнатите во пожарот.

Министерството за финансии ќе издвои 20 милиони евра, кои ќе бидат искористени за помош на заедниците погодени од катастрофални пожари.
Ѕанакополус вели дека парите ќе бидат искористени за санирање на штети, а на луѓето кои ги изгубиле куќите ќе им биде намален данокот.
Исто така има и рок за поднесување на даночни пријави ќе биде поместен за крајот на септември.
Грција ја зафатија најужасните пожари во последните 10 години во кои досега загинале 74 лица. Најлошо погодени се областите околу Атина.
