(ФОТО) СВЕТСКИ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ: Технологија и антикорупција денешни теми во Давос
Денеска е вториот ден на Светскиот економкси форум (WEF) во Давос под името „Нов глобален контекст“, кој ќе трае до саботата а програмот ќе опфати теми за нееднаквоста на приходите, иднината на интернетот и антикорупцијата.
На овогодинешниот Форум во Швајцарија кој ќе трае до 24 јануари ќе присуствуваат 2500 претставници од преку 100 земји, меѓу кои се и лидерите од 40 земји на светот.
Денешните состаноци ќе бидат во сенка, во одредена мерка, на настаните во Франкфурт каде Европската централна банка би требало да го објави новиот стимулативен пакет на мерки. Најновите шпекулации се дека со нив ЕЦБ би се обврзала дека секој месец ќе купува 50 милијарди државни обврзници до крајот на 2016 година.
Безбедноста и иднината на технологијата исто така се на дневен ред денеска во Давос, каде говорници ќе бидат директорите на големите компании.
Германската канцеларка Ангела Меркел во Давос пред околу половина час говорела за „нападите во Париз кои не пробудија“. Таа исто така ја коментирала и состојбата во Украина како и поседувањето на нуклеарното оружје од страна на другите земји.
Египетскиот претседателоАбдел Фатах ал Сиси говорел на Светскиот економкси форум за плановите на неговата земја и судирите во светот. -Многу сме сериозни во создавањето на демократски систем во Египет во кој секој може да учествува - рекол претседателот на Египет.
Премиерот на Финска, Александар Стуб говорел храбро во Давос за најновиот пакет мерки на ЕЦБ.
-Цврсто веруваме во независноста на ЕЦБ. Што и да одлучи денеска, ќе го дочекаме со насмевка - рекол Стуб.
Светскиот економкси форум во Давос од самиот почеток се занимава со падот на цената на нафтата и последиците врз светската економија. Повеќето учесници на Форумот се согласувааѕ дека падот на цената под 50 долари по барел поволно ќе се одрази на светкста економија, посебно на големите увозници на нафта како што се САД, Кина, Јапониија и членките на Европската унија.
Во Давос се наоѓаат и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд, турскиот премиер Ахмет Давутоглу, италијанскиот премиер Матео Ренци, претседателката на швајцарската конфедерација Симонета Сомаруга, кинескиот премиер Ли Кичианг, претседателот на Курдската самоуправа во Ирак Месут Барзани, претседателот на Јужноафричката Република Јакоб Зума, претседателот на Тунис Ел Баи Каид ес Сибси, пакистанскиот премиер Наваз Шериф и претставници на сириската влада и многу други.
Овогодинешниот економски Форум се одвива во услови на немири, но и зголемена подготвеност на силите за безбедност после нападите во Париз, потенцијаните одлуки на ЕЦБ да го покренат програмот за откуп на обврзници и рекорден скок на вредноста на швајцарскиот франак, наведува Ројтерс и додава дека алпскиот воздух обично ги охрабрува светските лидери на оптимистички ветувања, но точноста на нивните предвидувања во изминативе години беше различна.
И.Р


