(Фото) СУДИР НА АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ: 12 патници повредени
Дванаесет лица се повредени во сообраќајна несреќа меѓу два автобуси што се случи утрово во Скопје, во населбата Аеродром.
До несреќата дошло откако утрово околу осум часот, откако двокатен автобус на ЈСП „Скопје“ со број „3“ се заби во приватна „23-ка“ на булеварот „Јане Сандански“ спроти ТЦ „Бисер“. Според очевидците, државниот автобус „3” се обидел да го престигне приватниот по што слушнале силен удар откако возилата се залепиле еден во друг.
Меѓу повредените се дванаесет патници и возачот, кои се надвор од животна опасност.
Увид на местото на несреќата извршила полицијата по што двата автобуса биле испратени на вонреден технички преглед.
Слично



