Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Студентите со марш му кажаа „НЕ“ на екстерното тестирање!

(ВИДЕО-ФОТО) Студентите со марш му кажаа „НЕ“ на екстерното тестирање!
Река од студенти излезе денеска на маршот организиран од страна на Студентскиот плениум токму на 17-ти Ноември -Меѓународниот ден на студентите. Маршот беше најавен за во 12 часот, а збирно место платото пред УКИМ. Тие од Унивезитетот Св. Кирил и Методиј носејќи транспаренти  „Активирај се! Реализирај се! Студентизирај се!“ напишани на македонски, албански и англиски јазик се упатиле кон Министерството за образование и наука а од таму кон Владата за да го искажат револтот и незадоволството  против екстерното оценување на универзитетот. Над 2000 студенти е бројот на излезеност .
 
(Фотографиите и видеото ни ги испрати читател, Насловна: Фејсбук)
Слично

Поврзани вести