(ФОТО) Студентите полека се собираат пред Влада, верниот пријател-кучето меѓу првите
Толпа на студенти, професори и граѓани полека почна да се собираат пред Владата на РМ каде по трет пат ќе протестираат против новите Законски измени и воведувањето на државниот испит на факултетите.
Нивниот верен пријател кучето кое ги следеше на претходните протести и денеска е со нив заедно во првите редови.
Имено, пред почетокот на студентскиот протест, на Филозофскиот факултет бил формиран „Професорски пленум“, пренесе Радио Слободна Европа, а професорот Огнен Чемерски изјавил дека ги поддржуваат активностите на студентите и оти немаат намера да прават сплетки во студентскиот протест.
(Не е дозволено превземање на фотографиите без претходно консултирање со Фактор.мк)
Слично









