(ФОТО) Страшна глетка по хеликоптерската несреќа
Како што информира порталот Струмица Денес вечерва околу 22:10 во близина на индустриската зона Север во Струмица, во населеното место Просениково се урна полициски хеликоптер. Според очевидци, неколку минути пред падот на хеликоптерот се слушале силни звуци. Според првичните информации на полицијата во несреќата животите ги загубиле четири лица кои биле дел од екипажот. Неофицијално еден од лицата бил од струмичко.
Полицијата, пожарните и медицинските служби се на местото на несреќата ги извлекуваат телата и го гасат пожарот кој се уште не е целосно изгаснат,а дополнително ќе биде направен увид и наскоро ќе се знаат точните причини за несреќата, пишува сајтот.
Очевидци раскажуваат дека хеликоптерот без светло одредено време кружел барајќи простор да слета, при што се удрил со задниот дел во антената.
(Извор и фото: Струмица Денес)


