Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО СТОРИЈА) Голак чека на инвеститорите, ќе се врати ли детската смеа во планината?

(ФОТО СТОРИЈА) Голак чека на инвеститорите, ќе се врати ли детската смеа во планината?

Познатиот делчевски Голак полека тоне во заборав на државата, но не и кај локалното население. Секој слободен ден посебно неделата од викендот граѓаните на малото источно градче Делчево се упатуваат угоре кон планината која им го дава најчистиот воздух и мирот кој не може да се најде во градот.

12714169_10156467143425368_214179517_n

Сепак за да се стигне до планината која од градот е оддалечена само 12 километри мора да се помине преку лошиот пат поплочен со големи кратери и дупки кои во зимскиот период вешто ги крие снегот.

[gallery ids="200094,200091,200083,200080,200078,200076,200058,200064,200065"]

Одминувајќи ги дупките вртејќи лево и десно пред очи ќе ви се појави вистинска бајка. Сонцето кое срамежливо се отскрива низ високите борови дрвја ќе ви ја стопли душата а ако деновиве се упатите таму снегот ќе ве врати во детството.

12695848_10156469172975368_1425314718_n

12696292_10156469173200368_1937848778_n

Голак е атрактивен поради местоположбата, односно надморската височина од 1.500 метри, боровата шума, изобилството од разновидни шумски плодови што им стоеја и им стојат на располагање на посетителите. 12666345_10156469173090368_2045594210_n

Наоколу мир и тишина, птичји црцор кои за миг ќе ве оддалечат од напнатото секојдневие, но тука неизоставен дел е една тажна глетка.

Мувла, искршени врати прозорци, украдено буквално се

[gallery ids="200095,200096,200098"]

Руинирано детско одморалиште од кое бледо се надзираат искршените прозорци и врати ќе ви ги насолзат очите ако се сетивте на детските денови кои ги поминувавте таму.

 

Некогаш познатото место каде одмораа децата па и возрасните денеска се распаѓа.

12714099_10156467145015368_961817292_n Од современиот објект, со капацитет за 240 деца, кој бил изграден во 1980 година, а една деценија подоцна бил проширен со 11 апартмани за возрасни денеска е украдено и уништено сѐ, а останати се само ѕидовите од кои како ехо одѕвонуваат детски гласчиња.

[gallery ids="200093,200097,200089,200088,200087,200086"]

Полека се разграбува и покривот на летувалиштето, кое се двесте легла и седумдесет апартмани некогаш беше едно од најголемите и најпосетувани во државата.

За објектот вреден над 700 000 евра никој не води грижа, повеќе од десет години детското одморалиште е оставено само на себе.

Неколкупати обидите на министерството за труд и социјална политика овој објект да биде продаден пропаѓаа, па во 2014 после децениско барање државата дел од одморалиштето го продаде на приватен инвеститор, а другиот дел е предаден на користење на 40 години на Општината Делчево.

[gallery ids="200069,200059,200057"]

Според информациите кои Фактор ги доби од општина Делчево на планината Голак е предвидена изградба на стази за скијање со со жичара, поставување на машина за вештачки снег, изградба на вештачко езеро со целосна инфраструктура за нормално функционирање на машината за снег - но за ова прашање рекоа дека немаат детална информација .

12714284_10156467142880368_1278359980_n

Во 2015 владата најави и дека патот Делчево Голак е на листата патишта чија инфраструктура ќе се реконструира.

12695755_10156467143645368_1798675955_n

Околу патната инфраструктура пак од општината велат дека веќе е завршена тендерската постапка за реконструкција на патниот правец Делчево - планина Голак, а градежните работи на терен треба да започнат на пролет.

Инаку во 2013 година се започна со реконструкција на дел од овој патен правец, и  реконструирани биле околу 1200 метри.

Локалитетот Голак има идеална местоположба на 10 км од магистралниот пат А3, 15 км од граничниот премин Арнаутски гроб, 160 км од аеродромот во Скопје и 140 км од аеродромот во Софија. До планината се стигнува преку регионалниот пат Р 2343 (Делчево-Голак).

[gallery ids="200082,200081,200079,200077,200074,200068,200067,200063,200060"]

Ќе го врати ли инвеститорот туристичкиот сјај на Голак? Зошто да не може Голак да стане македонското Банско?

12721706_10156467143780368_259958975_n

Можеби токму ски патеката ќе го заживее зимскиот туризам во подзаборавениот Голак, каде што веќе со години наназад пропаѓаат сместувачките капацитети. А имајќи го предвид фактот дека Делчево како најисточен град во земјава, е на само неколку км од соседна Бугарија може да се очекуваат и туристи кои и онака зачестија во градот каде доаѓаат особено во пазарните денови и уживаат во гостопримливоста на локалното население.

12666267_10156469170295368_523264854_n

И.Р.

Слично

Поврзани вести