Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Стоматолози од Пробиштип отишле да работат во Бугарија, но им ја запалиле ординацијата

(ФОТО) Стоматолози од Пробиштип отишле да работат во Бугарија, но им ја запалиле ординацијата

Сопруг и сопруга од Пробиштип заминале во Бугарија со своите деца да работат како заболекари во Ново Делчево крај Сандански, но ординацијата им е запалена во смислен напад со запаллива течност.

Ова за „Новините“ го потврди градоначалникот Валентин Апостолов. Просторот бил изнајмен, а стоматолозите оделе да работат во петок, сабота и недела, додека пак за преноќување заминувале во Сандански. Така работеле четири години.

Течноста е фрлена преку прозорец кој бил скршен, а штетата се проценува на 10.000 евра. Се смета дека инцидентот е поттикнат од конкуренцијата, бидејќи Македонците работеле со поевтини цени.


Слично

Поврзани вести