Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) СРБИТЕ ЗА НЕГО СОНУВААТ 70 ГОДИНИ: Ѕирнете го новиот автопат Милиош Велики

(ФОТО) СРБИТЕ ЗА НЕГО СОНУВААТ 70 ГОДИНИ: Ѕирнете го новиот автопат Милиош Велики

Соседна Србија може да се пофали со еден од најдобрите автопати во регионот. За него цела нација, како што посочи и самиот Александар Вучиќ, сонувале седумдесет години.

Со огномет, громогласен аплауз и игра вчера во употреба е пуштен автопатот „Милош Велики“.


Делницата од Коридорот 11 од Обреновац до Прелијна официјално е отворена во присуство на претседателот на Србија Александар Вучиќ.

На патниците така, од 23ч, им станаа достапни 103 километри нов автопат, со што патувањето до Западна Србија, Црна Гора , БиХ ќе биде значајно олеснето.


Вучиќ при свеченоста најави нови автопати, пруги, со самото тоа и нови инвестиции, јакнење на економијата и значаен поттик на стандардот на граѓаните.

-Овој пат е метафора на успехот на сите нас, а тоа се и важни вести за граѓаните на Србија дека после 17 години го отвораме автопатот Милош Велики-порача Вучиќ на отворањето.


На социјалните мрежи со автопатот се пофали и пејачот Жељко Јоксимовиќ кој заедно со фотографија напиша:

-Некогаш и сега. Две слики, две приказни. За ова сонував 40 години.Некој и подолго.-напиша Жељко.


Слично

Поврзани вести