Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) СРБИТЕ НАПРАВИЈА КАМП: Во шатори ќе ги сместуваат повратниците од ризични земји

(ФОТО) СРБИТЕ НАПРАВИЈА КАМП: Во шатори ќе ги сместуваат повратниците од ризични земји

Србија отвори камп за карантин на српски државјани кои се враќаат од странство. 

Во Моровиќ, кај Шид, денеска е отворен камп за сместување на државјаните на Република Србија кои се враќаат од странство, а кои немаат регистрирано место на живеење на територија на земјата. 

Ова ќе важи и за сите други патници за кои лекарите на границите ќе оценат дека преставуваат ризик по здравјето, објави српското Министерството за одбрана.

Министерството за одбрана заедно со Министерството за внатрешни работи и релевантните санитарни служби ќе утврдуваат кој ќе влезе во кампот, според проценките на лекарите, јави дописникот на МИА од Белград. 

Воената установа Моровиќ, Шид и Миратовачко Поле – се трите локации кои се одредени за сместување во карантин, каде ќе бидат испратени српските граѓани кои живеат и работат во странство, а кои доаѓаат од најризичните земји – Италија, Швајцарија, Шпанија и Австрија.

Србија е во вонредна состојба, а на сила е и полициски час, така што движење нема за граѓаните од 20 до 5 часот наутро. 

Во Србија има 103 случаи на коронавирус, соопшти вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ. Поради оваа причина утре Србија целосно ќе ги затвори границите. 

Фото МО на Србија 

Слично

Поврзани вести