Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) СООБРАЌАЕН КОЛАПС: Што ги извади Србите на улиците на големите градови?

(ФОТО) СООБРАЌАЕН КОЛАПС: Што ги извади Србите на улиците на големите градови?

Србите блокираа неколку градови поради високите цени на горивата.

Во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Шабац, Панчево, Нови Пазар, на Ибарската магистрала и во други делови на земјата, во 17 часот се одржа едночасовен протест против високите цени на горивата. 

Граѓаните се организираа преку социјалните мрежи. 

Организаторите на блокадата објаснија дека се борат за усвојување на три барања, поради фактот што горивото во Србија е меѓу најскапите во регионот.

Првото барање на возачите е да усвои нова цена на горивата која нема да го надмине износот од 110 динари за литар дизел (0,93 евра) и 120 динари за литар бензин (1,02 евра) и оваа цена да биде важечка за сите бензински пумпи во Србија.

За возилата со погон на гас  се бара цената на гасот да не биде поголема од половината од цената на безоловниот бензин.

Барањата опфаќаат и нова пресметка на цената на горивото, така што на основната цена на горивото ќе се пресметува данок, а потоа да се додаде акцизата која не смее да биде поголема од 50 проценти од основната цена на бензинот.

Горивото од почетокот на годината до денес, во Србија е поскапeно за 8,79 динари за литар, а  дизелот за 11,30 динари. Литар бензин од 95 октани сега во Србија чини 152,02 динари, Еуродизелот 161,71, додека за поскапите горивни категории таа е 167 динари.

Слично

Поврзани вести