(ФОТО) СООБРАЌАЈКА ВО КИСЕЛА ВОДА: Двајца загинати во судир со автобус на ЈСП
Судир меѓу автобус на ЈСП и автомобил ги однесе животите на две лица, во несреќата што се случи денеска на улицата „Христо Татарчев”, во скопската населба Кисела Вода.
Според неофицијални сознанија, автомобилот „Рено 19” се движел од населбата Припор кон центарот на градот, кога директно се судрил со автобус кој се движел во спротивна насока.
Двајцата загинати во несреќата биле браќа на возраст од дваесетина години и се жители на скопската населба Бутел. Меѓу патниците кои биле во автобусот нема повредени.
Слично
