(ФОТО) СООБРАЌАЈКА: Мотоциклист тешко повреден по судир со автомобил
ФОТО: ФАКТОР
Мотоциклист во Охрид денеска предизвикал сообраќајна незгода во која самиот тој е тешко повреден.
Според очевидци кои за Фактор раскажуваат како се случила незгодата, мотоциклистот управувал веспа со брзина на околу 30 км/час при што преминувајќи од лева кон десна коловозна лента удрил во автомобил марка Пежо 307.
Незгодата се случила на Булевар Туристичка во Охрид а очевидци тврдат дека во моментот на скршнувањето од неговата, кон спротивната лента мотоциклистот го чепкал мобилниот телфон, но и покрај тоа што имал кацига се здобил со тешки телесни повреди.
Неофицијално, се работи за возрасен маж на околу 50 години кој според начинот на управување на возилото бил во алкохолизирана состојба, тврдат очевидци.
Луѓето кои во моментот на незгодата се нашле таму веднаш притрчале да му помогнат, но тој не покажувал знаци на живот.
Брзата помош веднаш интервенирала, и мотоциклистот во безсознание е пренесен во општата болница во Охрид . Се здобил со повреди на главата, градниот кош и имал скршеници на главата.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

