(ФОТО) Со спектакуларен настан одбележана 15-годишнината на Seavus
Последниве две децении сведочиме технолошки развој со вртоглава брзина, кој носи иновации, производи и услуги што го подобруваат животот на модерниот човек. Експертите од оваа област ни најавуваат дека и следните години ќе живееме во динамичен дигитален свет. Во таа светска технолошка динамика, денес, со целосно право, можеме да тврдиме дека припаѓа и македонската ИТ индустрија. Најдобар доказ за тоа е најпознатиот домашен ИТ бренд Seavus кој во саботата на 13-ти септември го прослави својот 15ти роденден.
Настанот беше одбележан со ретроспективен документарец кој ги сублимираше сите значајни моменти од развојот на компанијата, но и на културата која Seavus ја гради низ годините.
„Ова не е роденден само на компанијата, туку е јубилеј на сите колеги кои се дел од неа. Да изградите бренд кој создава, продава и расте е еден успех, но вистинска чест и гордост е да изградите нова култура, кауза и движење, кое светски компании го препознаваат и стотици вработени се врзуваат за него“ – објаснуваат од менаџментот на Seavus.
На настанот, беше приреден музички спектакал за кој се погрижија музичките изведувачи, но и вработените на Seavus кои овој јубилеј го доживуваат на персонално ниво.
По повод овој јубилеј, компанијата додели и 5 стипендии на најдобрите кандидати студенти, кои ќе го продолжат своето образование на академиите во рамки на Seavus Едукативниот и Развоен Центар.
Со присуство во 6 земји во светот, 11 канцеларии, 600 вработени, 3500 клиенти и милиони корисници, Seavus претставува бренд од светски ранг и симбол на модерниот развој, велат од компанијата.
Seavus® е компанија за развој на софтвер и консалтинг услуги со докажано искуство во успешни бизнис софтверски решенија. Компанијата брои преку 500 ИТ експерти ширум светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи го европскиот и американскиот пазар преку неколку канцеларии и претставништва во светот. Портфолиото на решенија и услуги вклучува BSS/OSS, CRM, CEM, Business Intelligence решенија, ALM, Embedded програмирање, мобилни апликации и гејминг решенија, Managed Services, како и консалтинг и развој на апликации по барање на клиентите. Во портфолиото на Seavus се вбројуваат над 3500 клиенти, меѓу кои светски телеком оператори и производители на мобилни и електронски уреди, организации од банкарскиот и финансискиот сектор, технологија, образование, здравство, итн.

Слично