Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Со нова инвестиција за модернизација „Филип Морис“ ја продолжува соработката со ТКП

(ФОТО) Со нова инвестиција за модернизација „Филип Морис“ ја продолжува соработката со ТКП

Продолжувањето на модернизацијата со две нови машини и нивното инсталирање претставува уште еден доказ за успешната соработка помеѓу PMI и ТКП откако беше потпишан Договорот за стратешко партнерство, а потоа и формирањето на заедничката компанија Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп ДОО Скопје (ПМТКП) пред десет месеци.

„По започнувањето на првото производство на еден од меѓународните брендови на PMI „Бонд Стрит“ (меко пакување) во Прилеп, продолживме со голема брзина да ја унапредуваме соработката помеѓу техничките тимови на Филип Морис и ТКП. Чекорите што ги преземавме за уште поголемо подобрување на производствените капацитети на ТКП, веќе почнаа да даваат видливи резултати. Денес, со пуштање во употреба на две PMI машини кои се инсталирани во фабриката во Прилеп, започнуваме да градиме основа за ново производство и развивање на комерцијални можности за ТКП и за ПМТКП. Ова ќе ни овозможи да ја позиционираме компанијата ПМТКП како лидер во иновацијата на производи. Новите машини ја покажуваат силната посветеност на Филип Морис за успех на ова партнерство, како и за целосната инвестициска клима во Македонија. Ми претставува особено задоволство да кажам дека како што нашето партнерство ќе се движи понатаму, така ќе продолжиме да носиме и уште многу слични, позитивни вести “, изјави г. Емре Козлу, Генерален менаџер на ПМТКП.

emre kozlu

Александар Дерменџиев, Генерален менаџер на ТКП истакна дека оваа инвестиција ќе овозможи ТКП да произведува нови и иновативни формати, со што ќе се  зголеми капацитетот и обемот на производство во фабриката на Тутунски комбинат Прилеп.

„Сигурни сме дека со инсталирањето на дополнителната опрема во нашите производствени капацитети, нашата заедничка успешна соработка ќе продолжи да се развива на уште повисоко ниво“, потенцираше г. Александар Дерменџиев.

filip moris 3

ПМТКП, во краток временски период, покажа напредок на пазарот со продолжување на инвестициите во најдобро продаваниот меѓународен бренд – ”Марлборо”, потоа со започнување на производство на “Бонд стрит” (меко пакување) во ТКП, како и со влез на пазарот на уште еден глобален бренд ”Честерфилд”. Заедничкото претпријатие работи и на  понатамошно подобрување на позициите на локалните брендови како “Бренд”, “Сан слимс” и други. Дополнително, кон крајот на 2014 година, PMI и ТКП се согласија за директен откуп на тутун од бербата од 2014 година, што беше поддржано не само од ТКП, туку и од земјоделските заедници, особено во Прилепскиот регион.

filip moris 2

Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп ДОО Скопје (ПМТКП) е компанија со заеднички капитал, формирана во согласност со Договорот за стратешко партнерство меѓу PMI и Тутунски Комбинат Прилеп (ТКП), кој беше потпишан во мај 2014 година. Ова ново правно лице има ексклузивно право на комерцијализација на брендовите на ТКП и на PMI на македонскиот пазар. Овие права вклучуваат, но не се ограничени на, развој на маркетинг планови, бренд стратегии и на дистрибуција на тутунски производи. Во меѓувреме, ТКП ги задржува своите постоечки производствени капацитети и можностите за набавка на тутун и ќе произведува селектирани брендови на ПМТКП за коишто има технички можности во фабриката во Прилеп, во согласност со релевантните производствени спецификации за секој производ.

filip moris 1

Слично

Поврзани вести