ФОТО:Со извици „Нема правда, нема мир“ демонстрантите тргнаа кон Собранието
Со извици „Нема правда, нема мир“ и транспаренти, демонстрантите тргнаа кон Собранието.
Ова е 14 ден од таканаречената „Шарена револуција“. Граѓаните веќе 14 ти ден протестираат по одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов да помилува 56 политичари и нивни соработници. Од здружението „Протестирам“ најавија дека протестите денеска продолжуваат во рекорден број градови – девет, ширум Македонија. Освен во Скопје, за вечерва најавени се протести и во Велес, Охрид, Кичево, Кавадарци, Битола, Прилеп, Радовиш и Струмица.
Слично


