Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Снежни врнежи: Критично во Бугарија, стотици села без струја поради снег

(ФОТО) Снежни врнежи: Критично во Бугарија, стотици села без струја поради снег

Втор ден Јужна Бугарија е блокирана поради снежните врнежи.

Напната и критична е ситуацијата во речиси целата земја, a најтешка е состојбата во областите Смолјан, Крџали, Хасково, Пазарџик, Пловдив. Има затворени патишта, а расчистувањето им се отежнува од паднати под тежината на снегот дрвја и тековните обилни врнежи.

bugarija pod sneg1

Над 800 населени места во земјата останаа без струја повеќе од едно деноноќие. Електродистрибутивните компании соопштија дека работат на отстранување на дефектите, но проблемот е во влажниот снег, под чија тежина се кинат жиците. Вкупно 36 се испразнети далекуводи во областите Крџали и Смолјан, а за надминување на штетите биле испратени тимови од внатрешноста на земјата, пренесуваат бугарските медиуми.

SNEG BUGARIJA

Министерот за внатрешни работи во оставка Веселин Вучков, денес го собрал кризниот штаб за катастрофи и несреќи, не дал уверување за отстранување на дефектите бидејќи на електричната мрежа и се потребни денови. Повеќето места се тешко проодни.

Слично

Поврзани вести