Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) СНЕГ ЈА ПОТРУПА АТИНА: Објавени низа вонредни мерки

(ФОТО) СНЕГ ЈА ПОТРУПА АТИНА: Објавени низа вонредни мерки

Министерот за цивилна заштита Христос Стилијанидес најави вонредни мерки за суспендирање на работата на јавните служби

Грчките власти ги прекинаа повеќето активности во земјата поради обилните снежни врнежи што ја блокираа Атина и многу други делови од земјата.


Затворени градинките и училиштата

Министерот за цивилна заштита Христос Стилијанидес најави итни мерки за суспендирање на работата на јавните служби, со исклучок на општинските и регионалните администрации, вооружените и полициските сили, јавното здравство и службите чија работа е неопходна во вонредни метеоролошки околности, пренесува „Екатимерини“.


Затворени се градинките и училиштата, со можност за одржување онлајн настава. Приватните компании добија наредба да останат затворени денеска, а од 10 до 18 часот ќе работат само супермаркетите и продавниците за храна, пумпите за гориво, аптеките и другите здравствени установи, како и компаниите чија работа помага во санирање на последиците од невремето.


Врнежи се најавени за денеска

Снег почна да паѓа во регионот на Атика вчера и денеска се очекува врнежите да продолжат во повеќе делови од главниот град и околината, соопшти Националната метеоролошка служба.

Обилните врнежи се очекува да продолжат на островите Споради, Евија, источна Тесалија, централна Грција и на Пелопонез, Крит и на островите во источниот дел на Егејското Море. Попладнево интензитетот на врнежите ќе слабее. Температурата денеска и утре ќе се задржи ниска, а со почетокот на топењето на мразот се очекува и формирање на мраз.

фото: ТВИТЕР

Слично

Поврзани вести