(ФОТО) Смртоносното невреме остави хаос зад себе, тага и жал за загубените деца и домови!
Четири лица, меѓу кои три деца, загинаа, две се водат како исчезнати, а повеќе од 70 лица се повредени во синоќешното невреме кое го зафати Тетово и околината.
Во село Шипковица загинаа три лица, откако ги однесе поплавата која стигна од Шар Планина. Потрагата за исчезнатото девојче за кое се претпоставува дека е во приземјето на поплавената куќа уште трае.
Тело на седумгодишното девојче од Тетово е најдено во населбата Голема Речица, а пријавено е исчезнување на маж (61) од село Лисец.
Помош побарале 79 граѓани, а помош, освен лекарите од Тетово, им укажаа и лекари од Скопје.
Реката Пена, која тече покрај новата болница во Тетово, предизвикала голема штета на болничкиот објект. Подрумот со скапа опрема е полн со вода и кал.
Во големото невреме, според податоците на надлежните, оштетени се 200 објекти.
Владата на денешната вонредна седница, донесе одлука на семејствата чии куќи се оштетени во синоќешното невреме да им помогне со по 500 евра.
На загрозените семејства ќе им помогне и општина Тетово.
Помош веќе пристигна од Скопје, Струмица, и Велес, но засега, никој не испрати помош од странство.
Најголеми штети се забележани во тетовска Мала Речица, каде улиците се потрупани со кал, песок, дрва и камени.
Невремето синоќа носеше и автомобили.
Општина Тетово ги прогласи 6 и 7 август за ден на жалост на подрачјето на општината.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/kAyYLW7lMqE[/embed]
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/qsDb-_mFYXU[/embed]

Слично