ФОТО:Сликите на Јанкулоска и Груевски обоени со црвено
Демонстрантите пред Владата вечерва ги обоија сликите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.
На нив пишува „Пробавте да скриете“ и „Убијци“. Демонстрантите пејат „Шутка не ти бега Гордана“. Учесниците на протестот претходно пишуваа по плочникот на плоштадот Македонија, кој е покриен со црвени крвави раце.
Протестот вечерва е во знакот на Мартин Нешкоски, за кој лани на овој ден од „бомбите“ на СДСМ јавноста слушна дека функционери сакале да го скријат.
Веќе четврта седмица се протестира против одлуката на шефот на државата, Ѓорѓе Иванов да аболицира политичари.
Слично


