Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: СЛИКА ОД ГРЦИЈА: Вода над три метри во домовите на поплавените

ФОТО: СЛИКА ОД ГРЦИЈА: Вода над три метри во домовите на поплавените

Водата надминала три метри во домовите на поплавените Грци на Пелопонез и во Солун.

Поради поплавите во областите Пелопонез и Солун е воведена вонредна состојба. Синоптичарите предупредуваат дека дождовите во Грција ќе продолжат.

5055740

„Беше многу страшно. Немаме каде да живееме“ - раскажа Татјана Крстев, една од 150 - те Бугари кои живеат во Каламата, Грција.

За 10 години не сум видела во Каламата такво нешто, раскажува друга жена.

5

Најпогодените улици во градот изгледаат апокалиптично, има кал, искинати и скршени мотори, делови од покуќнината на луѓето.

Токму на оваа улица се наоѓал и домот на една од загинатите при поплавите - 78-годишна тешко подвижна жена во инвалидска количка, која е живeeла на приземје и не можела да излезе брзо од дома.

3

Во централните делови на Пелопонез патиштата се претворија во реки и многу луѓе беа блокирани во своите автомобили. Во Епир, во северозападна Грција, пожарникарите спасија романска туристка и две деца, кога водата го однесе нивниот автомобил.

1

Поплавата однесе 4 жртви.

Слично

Поврзани вести