(ФОТО) Скопјанецот Томица по втор пат е избран за атлета на Македонија
Томица Милушевски од Скопј е шампион на овогодинешниот избор на Атлета на Македонија.
Ова е негова втора победа во "Менс Физик", категорија над 180 сантиметри.
Милушевски ќе ја претставува Македонија на Светското првенство кое ќе се одржи во Бутимпешта следниот месец.
За себе вели дека не се чувствува како да има билдерско тело, туку како да е спремен за на плажа.
„Изгледот мора да е што поприроден и поздрав, што подразбира строго забрането користење на какви било "хемии". Се настапува во шорцови, со цел да се добие тој "плажа изглед"- вели Милушевски за Вест.
Тој вели дека ако сакате да постигнете успех, да изгледате и да се чувствувате одлично не смеете да се откажувате. Милушевски вежба кога е топло и кога е ладно без разлика на околностите. Неговото место не е само теретаната, тој трча, планинари скија и плива. А ова се резултатите.



