ФОТО: Синоќа се протестираше за Мартин Нешкоски-плоштадот симболично закрвавен!
Во Скопје и во градовите ширум Македонија и синоќа продолжија протестите во организација на граѓанската иницијатива „Протестирам“.
Во главниот град демонстрантите со боење на плоштадот во црвена боја одбележаа година дена откако опозицискиот лидер Зоран Заев објави дека 22-годишниот Мартин Нешкоски во 2011 година на прославата на изборната победа на владеачката ВМРО ДПМНЕ го убил полицаец на должност.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/alekvidinovski/status/728281785755418624?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Демонстрантите на белите плочки на Централниот плоштад Македонија ги испишаа пораките „убијци“, „правда за Мартин“ и „слобода за сите“, а шеталиштето со своите дланки го обоија со црвена боја како симбол на трагедијата на Нешкоски.
Слично
