Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Шумски пожар беснее во Дервенохориа

ФОТО: Шумски пожар беснее во Дервенохориа

Голем шумски пожар беснее во Дервенохориа, централна Грција.

890C395DDC4318FECACCB42D105568F9

Огнот се шири кон три различни насоки, соопшти синоќа грчката противпожарна служба.

Иако вчера се чинеше дека пожарот е ставен под контрола, сепак ветровите кои дуваа во вечерните часови го разгореа огнот и запалија нови пожари во непристапни клисури каде е невозможно да се испратат екипи или возила. Од противпожарната служба велат дека засега не се загрозени населени места. Пожарот е распространет на неколку илјади километри и досега не е извршена проценка на предизвиканата штета.

Воздушните противпожарни екипи ја прекинаа работата во текот на ноќта и ќе продолжат со работа утрово.

Пожарот беснее веќе четврти ден.  Во негово гаснење учествуваат 300 пожарникари и 74 противпожарни возила. Армијата, исто така, испрати околу 100 војници и 17 булдожери да копаат ровови.

Слично

Поврзани вести