(ФОТО) Што крие бункерот на Енвер Хоџа?
Бункерот за случај на нуклеарен напад на албанскиот комунистички лидер Енвер Хоџа во Албанија вчера за првпат беше отворен за јавност, речиси 30 години по неговата смрт.
Албанските граѓани за првпат добија можност да ѕирнат во скривницата на нивниот некогашен лидер изградена во Шиш Туфини, на три километри источно од Тирана. Станува збор за бункер со површина од 2.685 метри квадратни, изграден меѓу 1972 и 1978 година, кој во случај на војна требало да биде седиште на Централниот комитет и на Народното собрание.
„Бункерот се состои од повеќе тунели високи 3,5 метри на пет нивоа и е вистински објект со пет ѕвездички во комунистичкиот систем“, објаснува Астрит, еден од петте чувари на местото кое ќе биде претворено во музеј.
„Идејата за изградба Хоџа ја добил по посетата на Северна Кореја во 1964 година“, прецизира Едлира Пренди, портпаролка на Министерството за одбрана на Албанија и додава дека до неодамна бункерот се наоѓал на најтајната листа на албанската војска.
Според разузнавачки извори, Енвер Хоџа и неговите блиски соработници имале уште најмалку четири слични скривници во близина на Тирана. Живеејќи во постојан страв од напад однадвор, Хоџа своевремено издаде наредба на територијата на Албанија да се изградат над 700.000 бункери за одбрана на земјата.
Албанскиот премиер Еди Рама вели дека Владата решила сите слични објекти да ги отвори за јавноста. Оваа скривница под името БУНК’АРТ ќе биде ставена на располагање на Министерството за култура и туризам.

Слично