Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Шкода Октавиа и официјално прогласена за автомобил на годината

(ФОТО) Шкода Октавиа и официјално прогласена за автомобил на годината
Порше Македoнија за автомобилот Шкода Октавиа и официјално го доби признанието „Автомобил на годината“. Наградата ја примија генералниот директор на Порше Македoнија Златко Муцунски и бренд менаџерот за Шкода Миле Станчев. Стручното жири,  составено од Агрон Сулејман-претседател, Горан Антевски, Љупчо Михајловски, Владимир Ристовиќ и Томислав Биљараци, покрај силната конкуренција едногласно ја избра Шкода Октавиа за „Автомобил на годината“ во Македонија.
“Анализиравме повеќе аспекти, како безбедност, комфорт, перфоманси, технички детали, моќност и перфоманси на моторите, потрошувачка на гориво, дизајн, еколошки стандарди, соодносот квалитет/цена, и токму Шкода Октавиа се најде на врвот. Иако конкуренцијата беше силна, немавме дилеми, оваа година Шкода Октавиа е автомобил на годината во Македонија”, изјавија од стручното жири.
Во изборот, покрај Октавиа, конкурираа и Мазда 3, Мерцедес ЦЛА, Митсубиши Спејс Стар, Пежо 308, Пежо 2008 и Сузуки С-Крос. Ова е  19-ти пат како се доделува наградата, а Шкода Октавиа по вторпат ја добива оваа престижна титула.
„Сметам дека сосема заслужено стручното жири својот избор и го довери токму на третата генерација на оваа убавица. Таа обединува повеќе аспекти, дизајн, квалитет, безбедност и иновативни технолошки решенија. Не е случајно што во Македонија се има продадено близу 2000 автомобили, доволен доказ дека клиентите знаат да ги препознаат вистинските вредности“, изјави Златко Муцунски,  Генерален Директор на Порше Македонија.
Атрактивна и економична, третата генерација на Октавиа е најпопуларниот модел од брендот Шкода кој овозможува удобно, безбедно и практично патување. Таа нуди уште поголем простор и комфорно место за пет лица, како и најголем багажник во класата со волумен од 590 литри. Автомобилот може да се пофали со значително зголемена безбедност и  19 проценти помала потрошувачка на гориво,  што носи заштеда, особено при долгите патувања. Внатрешноста на автомобилот е надополнета со најмодерни технолошки додатоци и бројни „едноставно паметни" решенија , нов мултимедијален систем преку кој можат да се менуваат параметрите на возилото, но и многу други корисни уреди.
Слично

Поврзани вести