Фото: Шербеџија на протести во Сараево
Денеска во Сараево познатиот хрватски актер Раде Шербеџија се појавил заедно со демонстрантите кои протестираат повеќе од 15 дена.
Со пораката "На мака се познаваат јунаците", демонстрантите го дочекале актерот.
Раде Шербеџија бил дел од големите анти- воени демнострации одржани во 1992 година во Сараево, кои биле последна надеж за мир и по кои започнала војната во Босна.
- Имаат право да бараат одговори на нивните прашања, но по мирен пат. Прашањата се за луѓето кои тие ги избраа, рекол Шербеџија.

- Тешко ми е што сум овде на ваков начин. Ова нема никаква поврзаност со политика, ова е вистински бунт на народот,рекол актерот.
И покрај најавите за насилства,продестите денеска минале мирно. Основното барање на демонстрантите и понатаму е оставката на владата на Федерацијата БиХ.
Слично